Киеза се отвори: Јувентус никогаш не ми понуди нов договор!

August 29, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Киеза се отвори: Јувентус никогаш не ми понуди нов договор!

Федерико Киеза денеска официјално беше потврден како ново засилување на Ливерпул во трансфер кој ќе чини околу 15 милиони евра. Неговиот договор истекуваше следното лето, а му беше речено дека клубот не смета на него и дека треба да си побара нов клуб. Токму денес Италијанецот реши да се отвори и да ја објасни целата ситуација. „Би сакал да ја објаснам ситуацијата за потенцијалното продолжување на договорот со Јувентус. Никогаш не добив официјална понуда од страна на клубот. Еден ден само бев известен дека повеќе не сум дел од проектот. Тоа беше дури пред стартот на подготовките за новата сезона“, изјави Киеза. Тој потпиша договор на четири години а ако успее да ги заобиколи повредите, би можел да биде од огромна помош за Ливерпул.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.