Килијан Мбапе го советува Реал Мадрид: Донесете го мојот сонародник

December 17, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Килијан Мбапе го советува Реал Мадрид: Донесете го мојот сонародник

По неуспешните преговори со Флоријан Вирц Реал Мадрид, како што се шпекулира, започнува во потрага по нов млад и квалитетен офанзивен играч. Според најновите информации, Реал има во план да го доведе Рајан Черки од Лион, 21-годишниот француски талент кој се смета за еден од најдобрите млади офанзивци во Европа. Трансферот на Черки во Реал Мадрид се очекува да се случи во јуни, а првичните проценки се дека ќе чини околу 50 милиони евра. Главната фигура која го промовира овој трансфер е Килијан Мбапе кој ургира да се случи овој трансфер. Черки, кој веќе има настапи за репрезентацијата на Франција, неодамна стана популарен и по неговата одлука да ја одбие понудата од Саудиска Арабија, која му понудила огромни пари. Во неговото објаснување за оваа одлука, Черки беше категоричен: "Заминување во Саудиска Арабија не ми е ни крај памет. Јас таму не одам па да ми даваат и 600 милиони евра на ден", изјави тој.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.