Килијан Мбапе и официјално ја доби „10-ката“ во Реал Мадрид

July 29, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Килијан Мбапе и официјално ја доби „10-ката“ во Реал Мадрид

Килијан Мбапе и официјално е новиот носител на легендарниот дрес со број 10 во Реал Мадрид, наследувајќи го Лука Модриќ кој го напушти клубот ова лето. Со ова, францускиот репрезентативец влегува во редот на големите имиња кои го носеле овој број во кралскиот клуб – како Месут Озил, Луис Фиго, Кларенс Сидорф и легендарниот Ференц Пушкаш. Дресот со број 10 секогаш носел голема тежина и одговорност, а Мбапе сега ќе има задача да ја продолжи традицијата. Цената за овој дрес ќе се движи од 125 евра до 175 евра Ова не е првпат Мбапе да го носи овој број – во Монако играше со „десетката“, но во Пари Сен Жермен никогаш не ја доби таа чест, настапувајќи со броевите 7, 14, 17 и 29. Досега за Реал Мадрид има постигнато 44 гола на 59 натпревари, а со новиот дрес искажа амбиција за уште поголеми успеси на „Сантијаго Бернабеу“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.