Кимих е разочаран од Баерн: Ме предадоа за време на пандемијата

June 24, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Кимих е разочаран од Баерн: Ме предадоа за време на пандемијата

Кимих моментално настапува на Европското првенствто каде ја претставува Германија, а после турнирот ќе седне и ќе ја анализира неговата ситуација заедно со неговиот клуб Баерн. Како што и претходно е познато, тој нема агент и буквално сам одлучува за својата иднина. Се поизвесно е дека тој ќе го напушти Баерн, а шансите се зголемуваат тоа да се случи ова лето бидејќи неговиот договор истекува наредното лето а тој нема намера да го продолжи бидејќи неможат да се договорат за условите за нов договор. Кимих раскажа за тоа како се почувствувал предаден токму од Баерн за време на Ковид пандемијата кога одбил да не се вакцинира. „Се чувствував осамено долго време. Бев во клубот речиси седум години и немаше многу скандали околу мене. Тоа беше првиот проблем. Тогаш видов како реагираше клубот и бев разочаран и повреден од начинот“, рече тој. Како опции кои тој ги преферира за нов клуб се Барселона, Реал Мадрид, Манчестер Сити, Арсенал и Ливерпул.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.