Кимих контра размислувањето на Гвардиола, Родри, Карвахал: На мене тоа не ми смета

October 9, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Кимих контра размислувањето на Гвардиола, Родри, Карвахал: На мене тоа не ми смета

Последниот период на големо се отвори прашањето за тоа дали календарот на фудбалерите е згуснат и како влијае огромниот број на натпреварите врз нив. За ваквата тема зборуваа Пеп Гвардиола, Родри, Карло Анчелоти, Де Брујне, Бернардо Силва, како и Дани Карвахал. Интересно е што токму Родри и Дани Карвахал настрадаа со тешки повреди на коленото по таквите нивни изјави. Но, има и фудбалери кои се во самиот врв на фудбалот и кои сметаат дека огромниот број на натпревари не е проблем. Еден од тие е Џошуа Кимих кој вели дека ужива на теренот, иако се игра на секои три дена. „Можеби ќе звучи непопуларно ова што ќе го кажам сега, но јас сум од оние кои секогаш сакаат да играат. Сакам да играм на секои три дена, јас секогаш уживам на натпреварите. Секогаш влегувам со иста страст и сум мотивиран за секој следен предизвик. Имам огромна желба да играм и на вакви натпревари како што се овие во Лигата на нации“, рече Кимих кој деновиве ќе настапува за Германија во ова натпреварување.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.