September 12, 2024 | | Свет
Јозуа Кимих го изрази своето незадоволство во однос на новото правило кое по Европското првенство, ќе биде имплементирано и во другите фудбалски натпреварувања. Станува збор за правилото со кое само капитенот смее да разговара со судиите и да преговара, односно да се жали или да ги дискутира одлуките на судијата. Во случај капитенот да е голманот, тогаш на теренот има еден овластен фудбалер кој ќе комуницира со судијата, а доколку таквото правило не го почитуваат неовластените лица, можат да бидат санкционирани. „Мислам дека судиите генерално се многу чувствителни. Се разбира, понекогаш реагирате со емоции. Нема врска со судијата. Може да се налутите за некоја ситуација. Често се случува судиите да го сфатат како што не треба а тоа значи дека добивате многу жолти картони. Во Лигата на нации ако добиеш два жолти картони си суспендиран. Тоа навистина, навистина може да боли. Во принцип, би сакал судиите да не беа толку чувствителни. Иако мораме да ги држиме емоциите под контрола. Но, тоа не е секогаш нешто лично против судијата“, изјави Кимих.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |