Кин: Двајца фудбалери на Арсенал ја рогаа топката како тим со мал менталитет против Сити!

September 27, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Кин: Двајца фудбалери на Арсенал ја рогаа топката како тим со мал менталитет против Сити!

Рој Кин кој е еден од постојаните членови на подкастот „Држете се до фудбал“ заедно со Невил, Карагер и Иан Рајт, реши да удри по Арсенал за нивниот настап против Манчестер Сити. Тој зборуваше за пристапот на гостите против шампионот на Англија каде особено критикуваше двајца фудбалери на Арсенал. Кин ги потенцираше настапите на Рајс и Вај тврдејќи дека играле како четвртолигашки фудбалери каде намерно ја исфрлале топката и се обидувале да го трошат времето. „Кога гледам како англиски репрезентативци намерно ја исфрлаат топката од игра, се прашувал дали тие мислат дека се второлигаши играјќи во Фа Купот. Навистина се однесуваа како нисколигаши, а не како да се играчи на Арсенал. Немам ништо против да се браните, но да ја исфрлате топката од игра на таков начин, тоа не е во ред. Имаше неколку инциденти каде Бен Вајт намерно ја рогаше топката и ја исфрлаше од игра, а Деклан Рајс неколку пати ја шутна топката на трибина. Зарем тоа е Арсенал за кој треба да зборуваме?, прокоментира Кин.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.