November 3, 2024 | | Свет
Започнувајќи од 11. ноември, Рубен Аморим и официјално ќе седне на клупата на Манчестер Јунајтед откако „црвените ѓаволи“ одлучија да ја платат неговата клаузула и да го убедат да дојде во Англија. Овој тим се соочува со огромен број на проблем, а легендата на клубот Рои Кин посочи со кои точно два проблеми ќе се соочи Аморим кој ќе мора да ги реши. „Работната етика и лошата реализација се два огромни проблеми за менаџерот кој доаѓа. Има неколку играчи во оваа соблекувална на Јунајтед кои играат на важни позиции, но кои не се научени да трчаат. Кога има играчи кои не трчаат, тогаш се јавува огромен проблем. Има играчи кои не трчаат доволно, кои не се доволно брзи, а има и такви кои не сакаат да трчаат. Има многу талентирани играчи, но ако не трчате, нема да стигнете никаде. Новиот менаџер ќе мора да работи на овој фудбалски менталитет. Друг огромен проблем е недостатокот на голови во Манчестер Јунајтед. Секојпат кога ја гледам статистиката по 10 одиграни натпревари, гледам дека Јунајтед има гол разлика „минус три“. Тоа е навистина тешко за прифаќање во клуб кој има големи стандарди“, рече Кин.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |