Кивиор дознал за трансферот во Порто преку Фабрицио Романо

September 8, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Кивиор дознал за трансферот во Порто преку Фабрицио Романо

Јакуб Кивиор призна дека за својот трансфер од Арсенал во Порто дознал на многу необичен начин – преку објавата на новинарот Фабрицио Романо. „Го видов ‘Here we go’ на Романо за мене и веднаш почнаа да ми стигнуваат честитки. Тоа се случи токму на почетокот од тренингот со Арсенал, па соиграчите се прашуваа зошто сè уште сум таму“, откри полскиот дефанзивец. Кивиор додаде дека веста го затекнала во секојдневниот ритам со лондонскиот клуб и не ја очекувал. Сега пред него е ново поглавје во Порто, каде ќе се обиде да ја оправда довербата и да ја покаже својата вистинска вредност.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.