Ќе биде хаос во групата Е, четирите селекции имаат исто бодови!

June 22, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ќе биде хаос во групата Е, четирите селекции имаат исто бодови!

Следува вистинска драма во групата Е на европското првенство каде се наоѓаат Белгија, Украина, Романија и Словачка и сите четири селекции имаат по три бода. Вчера Украина ја совлада Словачка, а Белгија денес беше сигурна против Романија со резултат од 2-0. Романија во моментов е лидер на табелата, по неа е Белгија, потоа Словачка и на крај Украина. Во последното коло Словачка ќе игра со Романија, а Украина ќе се бори со Белгија.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.