Ќе направат сѐ за клубот: Фановите на Барселона собираат пари за Нико Вилијамс!

July 19, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ќе направат сѐ за клубот: Фановите на Барселона собираат пари за Нико Вилијамс!

Навивачите на Барселона почнаа да донираат на официјалната сметка на клубот на ТикТок за да соберат пари за купување на напаѓачот Нико Вилијамс. Младиот крилен напаѓач стана сензација на Европското првенство заедно со неговиот колега Јамал со кого развија одлична хемија на теренот. „Потпиши Нико“, „100% ни е потребен Нико“ и „За Нико Вилијамс“ се некои од коментарите заедно со донациите на ТикТок. Пазарната вредност на Вилијамс е околу 70 милиони евра, но тој има откупна клаузула од 58 милиони евра. Барселона е во активни преговори и со клубот и со играчот, а допрва ќе видиме дали овој трансфер ќе биде реализиран.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.