July 21, 2025 | | Свет
И покрај тоа што се ближи кон крајот на кариерата, легендарниот бразилски напаѓач Хулк продолжува да фасцинира со своите настапи во дресот на Атлетико Минеиро. Во сезоната што е во тек, 37-годишниот ветеран одигра дури 29 натпревари и постигна 15 голови, а последниот беше вистинска магија. Против Палмеирас, во последните минути од мечот, Хулк изведе мајсторски слободен удар и со „проектил“ ја погоди мрежата, недостижно за голманот. Со оваа бомба, уште еднаш потврди дека годините се само бројка, а левата нога сè уште има експлозивна моќ.
Hulk with an absolute ROCKET 🚀 pic.twitter.com/8XwvH0Bk58
— All Things Brazil™ 🇧🇷 (@SelecaoTalk) July 20, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |