Класичен Тотенхем: Може против Сити, но не против Борнмут! (ВИДЕО)

December 5, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Класичен Тотенхем: Може против Сити, но не против Борнмут! (ВИДЕО)

Борнмут сосема заслужено славеше против екипата на Постекоглу со 1-0 со голот на Хуисен од корнер во 17. минута. Како и денес, и во претходниот дуел против Фулам Тотенхем воопшто не личеше на оној тим кој го прегази Манчестер Сити на „Етихад“ со 0-4. Според прикажаното, домаќините требаше да постигнат уште неколку гола, а Тотенхем не заслужи ниту гол. Со оваа победа Борнмут сега е на 9. место и има еден бод повеќе од тимот од Лондон кој е на 10. место со 20 бода. Избраниците на Анге Постекоглу го претрпеа шестиот пораз во оваа сезона. Веќе во недела Тотенхем го пречекува Челси во лондонското дерби во рамките на 15. коло.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.