Клоп пак ќе го води Дортмунд, ама на еден натпревар!

August 17, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Клоп пак ќе го води Дортмунд, ама на еден натпревар!

Јирген Клоп го водеше Дортмунд во периодот од 2008 до 2015 година, а тој уште еднаш ќе има шанса да го предводи клубот на ревијалниот натпревар на 7 септември, во чест на Јакуб Блашчиковски и Лукаш Пишчек кои објавија крај на кариерата. Имено, двајцата го замолиле Клоп да биде на клупата, а тој со задоволство прифатил. „Среќен сум и секако ќе ја прифатам поканата“, изјави Клоп.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.