Клоп се погрижил Тен Хаг да не стане тренер на Лајпциг

March 7, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Клоп се погрижил Тен Хаг да не стане тренер на Лајпциг

Јирген Клоп, кој сега е одговорен за спортскиот сектор на сите фудбалски клубови под капата на Ред Бул, донесе одлука што спречи Ерик Тен Хаг да стане тренер на Лајпциг. Според „Скај Спортс“, раководството на германскиот клуб размислувало за ангажман на холандскиот стратег во случај да му дадат отказ на Марко Розе. Сепак, Клоп се противел на оваа идеја, бидејќи сметал дека Тен Хаг не е соодветен избор за Лајпциг. Тој од 1 јануари 2025 година ја презеде функцијата глобален директор за фудбал во групацијата Ред Бул. На оваа позиција, тој ја надгледува меѓународната мрежа на фудбалски клубови на Ред Бул, вклучувајќи ги РБ Лајпциг (Германија), РБ Салцбург (Австрија), Њујорк Ред Булс (САД) и Ред Бул Брагантино (Бразил). Неговата улога е да обезбеди стратешка визија и поддршка на спортските директори во унапредувањето на фудбалската филозофија на Ред Бул. Клоп нема да биде вклучен во секојдневното работење на клубовите, туку ќе се фокусира на долгорочниот развој и успех на организацијата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.