Клоп со шокантна изјава: Повеќе нема да бидам тренер!

July 31, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Клоп со шокантна изјава: Повеќе нема да бидам тренер!

Јирген Клоп на крајот на сезоната го напушти Ливерпул после девет години каде во далечната 2016 година седна на клупата. Тој денеска ја изненади јавноста и рече дека за него е завршена тренерската кариера и според ситуација до денес, тој повеќе нема да биде тренер. „Од денес, тоа беше тоа од мене како тренер. Не си заминувам од каприц или од инает, туку тоа беше генерална одлука. Исто така ги водев и најдобрите клубови во светот“, изјавил Клоп на Конгресот на тренери. Тој претходно ги водеше Мајнц 05, Борусија Дортмунд и Ливерпул. Најголем белег остави во Ливерпул каде ја освои Премиер лигата, ФА Купот, Лига Купот, Комјунити Шилд, Лигата на шампионите, УЕФА Суперкупот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.