Клоп: Светското клупско првенство е најлошата идеја некогаш имплемнтирана во фудбалот!

June 28, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Клоп: Светското клупско првенство е најлошата идеја некогаш имплемнтирана во фудбалот!

Поранешниот стратег на Ливерпул, Јирген Клоп, остро ја критикуваше одлуката на ФИФА да го воведе Светското клупско првенство (СКП) во нов, обемен формат. Германецот предупредува дека ова ќе има сериозни последици по здравјето на фудбалерите. „Ова е најлошата идеја некогаш имплементирана во фудбалот. Луѓе кои немаат поим за секојдневниот фудбал одлучуваат наместо нас“, изјави Клоп, додавајќи дека очекува рекорден број повреди во наредната сезона, токму поради преоптовареноста. Наместо заслужен одмор, фудбалерите добиваат ново натпреварување, па Клоп стравува дека последиците ќе се почувствуваат или за време на СКП, или веднаш потоа.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.