October 31, 2024 | | Свет
Во подкастот на Тони Крос, Јирген Клоп зборуваше за легендата на Реал Мадрид Серхио Рамос за кого рече дека како личност не му се допаѓа. Според многумина, па и според Клоп, Рамос намерно го повредил Салах во финалето на Лигата на шампионите во 2018 година. „Ако погледнете повторно, а не сте навивач на Реал, ќе видите дека тоа беше непромислено и брутално. Ако ги ставите сите постапки на Рамос на куп, а јас гледам фудбал од петгодишна возраст, ќе видите што направи. Требаше таа ситуација подобро да се погледне. Сигурен сум дека Мо немаше да биде повреден во слична ситуација. Не сум сигурен дека нешто слично повторно ќе видиме. Рамос со лакт го удри голманот, со боречки зафат исфрли противник, а потоа излезе како победник од натпреварот. Рамос кажа многу работи што не ми се допаднаа. Не ми се допаѓаат неговите реакции. Дали навистина е добар човек? Не го разбирам тој менталитет, никогаш не сум тренирал такви играчи. Кога ги имав, се погрижив да си заминат“, рече Клоп. Тони Крос додаде дека иако не се согласувал со сите потези на Рамос, дека сепак е добар соиграч.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |