Клубот на Миовски „прозборе“ македонски и упати емотивна порака (ФОТО)

March 23, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Клубот на Миовски „прозборе“ македонски и упати емотивна порака (ФОТО)

Шпанскиот клуб Жирона се огласи на социјалните мрежи со емотивна порака на македонски јазик по голот на Бојан Миовски против Лихтенштајн. Македонската репрезентација триумфално ги започна квалификациите за Светското првенство 2026, убедливо совладувајќи го Лихтенштајн со 0-3 на гостински терен. Еден од стрелците на натпреварот беше Бојан Миовски, кој го постигна третиот погодок. Наместо вообичаена прослава, напаѓачот го посвети својот гол на жртвите од трагичниот пожар во Кочани, испраќајќи силна порака на солидарност. Жирона не остана рамнодушна на овој гест, па на социјалните мрежи објави: „Нашиот најдобар стрелец“, честитајќи му на Миовски со топли зборови на македонски јазик.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.