Кога Ковач суди финале, победа издвојува италијански тим!

May 31, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Кога Ковач суди финале, победа издвојува италијански тим!

Историјата вечерва ќе се пишува и надвор од теренот – романскиот судија Иштван Ковач ќе го води финалето од Лигата на шампионите, со што ќе стане првиот кој ги судел финалните натпревари во сите три големи европски натпреварувања на УЕФА: Лигата на шампионите, Лига Европа и Конференциската лига. Неговата статистика предизвикува внимание – секогаш кога делел правда во европско финале каде имало италијански тим, токму таа екипа го подигнувала пехарот. Минатата сезона ја судеше финалната битка меѓу Аталанта и Баер Леверкузен, во која Италијанците убедливо триумфираа со 3-0. А пред тоа, Ковач беше главен судија на историското финале во Конференциската лига каде Рома под водство на Жозе Мурињо го совлада Феенорд и стигна до првиот трофеј во ова натпреварување. Дали традицијата ќе продолжи и вечерва, и дали Интер ќе ја искористи „италијанската среќа“ со Ковач на теренот – останува да видиме во спектаклот што започнува во 21 часот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.