Кога Столе брани, Валенсија победува, Жирона на Миовски испадна од Копа дел Реј! (ВИДЕО)

December 5, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Кога Столе брани, Валенсија победува, Жирона на Миовски испадна од Копа дел Реј! (ВИДЕО)

Вечерва ширум Шпанија се одиграа неколку натпревари во рамките на 1/32 финалето на Копа дел Реј. Столе Димитриевски повторно доби шанса да биде стартер и ја одбрани Валенсија во победата со 1:3 на гостувањето кај нисколигашот Ехеа. Стрелци на головите за Валенсија беа Кордоба, Гомез и Мир. Ова беше уште еден добар настап за македонскиот голман, кој продолжува да покажува одлични партии. Се надевајме дека тренерот Рубен Бараха ќе му даде повеќе шанси на Димитриевски, кој до пред неколку месеци важеше за еден од најдобрите голмани во Шпанија. Во исто време, Џирона беше елиминирана од Логронес по изведувањето на пеналите во 1/32 финалето. Џирона настапи без Бојан Миовски, кој не беше ниту во составот за овој натпревар. Можеби тренерот Мичел одлучи да направи промени во составот, но тоа се покажа како погрешен потег. Натпреварот заврши 0:0 по продолженијата, а Логронес беше подобар во пенал-серијата и се пласираше во 1/16 финалето.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.