Колкава суспензија го чека Џуд Белингем?

February 16, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Колкава суспензија го чека Џуд Белингем?

Натпреварот помеѓу Осасуна и Реал Мадрид предизвика голема контроверзија во шпанскиот фудбал, главно поради одлуките на судијата Хозе Мунуера. Една од најспорните беше директниот црвен картон за Џуд Белингем. На социјалните мрежи се појави снимка која навидум потврдува дека Белингем му се обратил на Мунуера со зборовите: „Разговарам со тебе со почит, оде*и“. Веднаш потоа доби исклучување, а мислењата за оваа ситуација останаа поделени. Додека некои сметаат дека казната е престрога, други тврдат дека Англичанецот и претходно бил фатен како пцуе судии на англиски, но досега не бил санкциониран. Според нив, Мунуера конечно решил да стави крај на неговите вербални испади. Реал Мадрид веќе поднесе жалба, тврдејќи дека снимките докажуваат дека Белингем не сакал да го навреди судијата, туку бил погрешно разбран. Сепак, се шпекулира дека тој би можел да биде суспендиран од два до четири натпревари. Очигледно е дека Белингем верува дека му е дозволено да го користи својот омилен израз „f*ck off“, кој редовно го употребува со месеци, но дури сега беше казнет за тоа.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.