July 2, 2024 | | Свет
Гледањето во живо Европско првенство не може секој да си го дозволи, особено ако не сте од таа земја каде се одржува првенството. Ова првенство се одржува во Германија каде ако сакате да ги гледате некои од натпреварите на стадион, покрај билетот за натпреварот, ќе треба да платите и за сместување и за транспорт, како и за храна и други неопходни работи.
Кога станува збор за тоа колку чинат картите на ова Европско првенство, тие се движат од 30 па до 1.000 евра.
Во нокаут фазата пак, почнуваат од 50 па до 1.000 евра.
Имено, постојат неколку вида на билети:
Обични навивачки билети каде седиштата се наоѓаат зад головите;
Категорија 3: седиштата се наоѓаат во аглите и зад головите, подалеку од теренот од седиштата од категорија 2;
Категорија 2: седиштата се наоѓаат во аглите и зад головите; или на главната и спротивната трибина, над седиштата од категорија 1;
Категорија 1: седиштата се наоѓаат на главната и спротивната трибина; или во долните блокови во аглите.
Има и билети за пристапност каде корисници се лицата во инвалидска количка каде ќе имаат лесен пристап и цената секогаш ќе биде иста како онаа кај најевтината категорија, без оглед на нивната локација на стадионот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |