Комедии во Романија: Пробале Јужноамериканец да го направат Романец

September 26, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Комедии во Романија: Пробале Јужноамериканец да го направат Романец

Во Романија се случи неверојатна ситуација. Имено, во третата лига во Романија, екипата на Воинта Лимпезис службено загуби со 3:0 од екипата на ЦСМ Аѓуд, а причината за такво нешто е чудна. Екипата која загубила службено сакала да „прошверцува“ еден фудбалер кој доаѓа од Јужна Америка. Тие сакале да го направат како да е домашен фудбалер. На истиот играч му дале насоки да се обиде да се прави глув, нем и неписмен. Откако противничката екипа се пожалила, тој не одговарал на ниту едно прашање, а потоа одбил да се идентификува. Тимот на ЦСМ Аѓуд уште на полувреме забележал дека нешто не е во ред со тој фудбалер и дека не станува збор за истиот фудбалер од оној на записникот. Откако било пријавено, следувала службена победа за Аѓуд со 3:0.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.