Комедии во Серија А: Влезе во конфликт за да шутира пенал, го даде, па излезе од игра (ВИДЕО)

February 21, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Комедии во Серија А: Влезе во конфликт за да шутира пенал, го даде, па излезе од игра (ВИДЕО)

На натпреварот меѓу Лече и Удинезе во Серија А се случи неверојатна ситуација на отворањето на 26. коло. Гостите добија пенал по половина час игра, што предизвика хаос на теренот. Младиот напаѓач Лоренцо Лука цврсто беше решен да го изведе пеналот, иако неговите соиграчи се обидоа да го убедат да ја предаде топката на капитенот Флориан Тован. Дури влезе и во расправија со нив, но не се поколеба. На крајот, Лука ја презеде одговорноста и успешно реализираше за 0-1 во 32. минута. Меѓутоа, ниту еден негов соиграч не го прослави голот со него, па напаѓачот славеше сам. Како педагошка мерка, само четири минути подоцна тој беше заменет, а на негово место влезе Браво.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.