Комична сцена во Барселона: Девојки немаа појма кој е Јамал, па го замолија да ги слика (ВИДЕО)

May 10, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Комична сцена во Барселона: Девојки немаа појма кој е Јамал, па го замолија да ги слика (ВИДЕО)

Ламин Јамал, младата ѕвезда на Барселона, се најде во интересна и комична ситуација пред еден ресторан во Барселона, кога група девојки според акцентот веројатно од Франција не го препознаа. Девојките го замолија да ги фотографира, а една од нив рече дека ѝ изгледа познато и го праша како се вика. Наместо да се претстави со своето вистинско име, Јамал со насмевка одговори: „Се викам Рајан“. Сепак, љубопитноста ги натера да го прашаат и за „вистинското име“, а една од нив конечно сфати за кого станува збор. Иако дел од групата девојки се засрамија и сакаа да се откажат од фотографирањето, Јамал љубезно ја заврши задачата и продолжи со своите пријатели. Со само 17 години, Ламин Јамал веќе е меѓу најголемите имиња во светскиот фудбал и важи за сериозен кандидат за Златната топка во иднина.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.