Комична ситуација: Германија го откажа тренингот поради комарци!

June 28, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Комична ситуација: Германија го откажа тренингот поради комарци!

Германија ќе се сретне со Данска во натпреварот од нокаут фазата на Европското првенство. Натпреварот ќе се одигра утре со почеток од 21 часот на „Сигнал Идуна Парк“ во Дортумнд а судија ќе биде контроверзниот Мајкл Оливер. Но, домаќините се соочија со несекојдневен проблем. Познато е дека домаќинот на континенталниот шампионат се соочува со огромен проблем во вид на упад од комарци, а сега се јави уште еден проблем. Германија мораше да го откаже својот тренинг, а причината е инсектицидот кој се прска за да се реши проблемот со комарците, поточно неговиот крајно непријатен мирис каде мораа да го преместат тренингот за подоцна во вечерните часови во базата во Херцогенурах, пренесува „The Athletic“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.