Конечно има договор: Калафиори ќе биде нов играч на Арсенал!

July 24, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Конечно има договор: Калафиори ќе биде нов играч на Арсенал!

Заврши сагата поврзана со Рикардо Калафиори кој конечно ќе биде играч на Арсенал! Информацијата ја пренесе Фабрицио Романо со неговото ,,Here we go’’. Проблемот беше договорот меѓу Болоња и Базел кои се договараа кој колку да добие од сумата која ќе ја плати Арсенал, а сега и тоа е решено и договорено. Калафиори ќе потпише петгодишен договор со Арсенал и ќе заработува четири милиони евра годишно. Медицинските тестови се закажни во САД каде што се подготовките на Арсенал.  

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.