Конечно падна договор: Феликс во Челси, Галагер во Атлетико Мадрид!

August 19, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Конечно падна договор: Феликс во Челси, Галагер во Атлетико Мадрид!

Жоао Феликс се враќа во Челси, а Конор Галагер во Атлетико Мадрид, потврди Фабрицио Романо. Челси и Атлетико Мадрид беа упорни да постигнат договори и за двата трансфера откако претходно пропадна трансферот Омородион во Челси од Атлетико во последен момент. Феликс ќе потпише договор до 2030 година со опција за продолжување за уште една година, а следните ден или два тој ќе ги помине и медицинските прегледи. Засега Романо не открива колку ќе изнесува трансферот на Феликс, а додека во случајот на Галагер истиот ќе чини 42 милиони евра каде оваа зделка помина низ критична фаза каде Галагер мораше од Мадрид да се врати во Лондон за да го дознае конечниот исход, но на крај клубовите постигнаа договор.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.