Конечно позната иднината на Кимих

March 6, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Конечно позната иднината на Кимих

Баерн Минхен и Јошуа Кимих постигнаа целосен усмен договор за продолжување на соработката до 2029 година! Раководството на баварскиот клуб даде зелено светло за новиот договор, а завршните административни процедури се веќе во тек. Официјалното потпишување на договорот е закажано за оваа недела, по што се очекува и официјалната објава. По денешните нови разговори, 30-годишниот лидер на Баерн донесе конечна одлука да остане во клубот. Кимих разгледуваше и понуда од Пари Сен Жермен, но неговата главна цел отсекогаш била да го продолжи договорот со германскиот шампион.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.