Конечно се огласи Родриго откако го преселија од Мадрид (ФОТО)

May 14, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Конечно се огласи Родриго откако го преселија од Мадрид (ФОТО)

По разочарувачката сезона без значаен трофеј, во Реал Мадрид веќе се заоструваат подготовките за голема трансформација. Се најавува доаѓање на Чаби Алонсо на кормилото, но и радикални потези во составот на играчкиот кадар. Меѓу имињата што беа во фокусот на трансфер шпекулациите се најде и Родриго. Според некои шпански медиуми, 23-годишниот Бразилец наводно не бил среќен со својата улога во тимот и се поврзуваше со евентуален трансфер во Арсенал. Сепак, самиот фудбалер брзо ја пресече гласината со порака објавена на социјалните мрежи. „Ви благодарам за сите пораки и грижа. Брзо ќе се вратам. Престанете да измислувате.“ Со оваа кратка, но многу јасна изјава, Родриго им порача на навивачите и медиумите дека останува посветен на клубот и нема планови за заминување, барем засега.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.