Конечно стигна потврда: Калафиори е нов играч на Арсенал!

July 29, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Конечно стигна потврда: Калафиори е нов играч на Арсенал!

Арсенал конечно го комплетираше трансферот на Рикардо Калафиори од Болоња. Тој ќе потпише договор на пет години и му се придружи на тимот во САД. Тој ќе го носи бројот 33 во Арсенал. Тој може да игра на позициите стопер, како и лев бек, а ова е сериозно засилување за Арсенал во одбраната. Трансферот ќе изнесува околу 50 милиони евра. „Калафиори има голем карактер со специфични вештини кои ќе не направат посилни каде нашата цел е да освојуваме големи титули“, рече Артета. Во моментот кога Артета се сретна со Калафиори, тој го изрази своето задоволство. „Конечно ова е реалност“, кратко Артета му рече на Рикардо.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.