Консеисао дефинитивно заминува, Милан ќе бара нов тренер

May 15, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Консеисао дефинитивно заминува, Милан ќе бара нов тренер

Сержо Консеисао повеќе нема да биде тренер на Милан. Информацијата што кружеше со недели доби официјална потврда по вчерашниот пораз од Болоња во финалето на Купот на Италија. Како што јавува Фабрицио Романо, португалскиот стратег дефинитивно си заминува по завршувањето на сезоната. Иако стартуваше импресивно со освојување на Суперкупот на Италија, славејќи во свој препознатлив стил со пури во соблекувалната, неговиот мандат брзо ја изгуби сјајноста. Резултатите стагнираа, а елиминацијата од домашниот куп беше последниот удар кој го потврди крајот на неговата авантура на „Сан Сиро“. Милан сега се наоѓа пред нова етапа и почнува потрага по нов стратег, со цел да го врати клубот на патеката на успехот, особено по разочарувачката сезона која може да заврши и без пласман во Европа. Покрај заминувањето на Консеисао, клубот ќе се раздели и со Жоао Феликс, кој се враќа во Челси по истекот на неговата позајмица.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.