January 7, 2025 | | Свет
На Сержо Консеисао му беа доволни само седум дена за да дојде до првиот трофеј како тренер на Милан, со што брзо стана миленик на „росонерите“. Тимот на Милан забележа два фантастични пресврти за неколку дена, прво против Јувентус во полуфиналето, а потоа и против Интер во големото финале. Особено впечатлива беше победата против „нероаѕурите“. Иако на почетокот на второто полувреме Милан губеше со 2:0, играчите на Консеисао останаа смирени и успеаја да направат целосен пресврт, победувајќи со 2:3. По триумфот, атмосферата во соблекувалната беше одлична, а главниот „виновник“ за забавата беше токму тренерот. Сержо, кој веќе е познат по славењето на титули со пури додека беше во Порто, повторно го одбележа моментот на свој начин. Милан сподели фотографии на кои се гледа како Консеисао со голема цигара слави освојување на Суперкупот.
Oi, oi, oi 🕺#InterMilan #SempreMilan pic.twitter.com/4sU4tnqwMz
— AC Milan (@acmilan) January 6, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |