Консеисао: Не сум тука за да стекнам пријатели, туку да победувам!

January 4, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Консеисао: Не сум тука за да стекнам пријатели, туку да победувам!

На својот деби натпревар како тренер на Милан, Серџо Консеисао ја запиша својата прва победа, совладувајќи го Јувентус со 2-1 во полуфиналето на Суперкупот. Средбата се одигра во Ријад, а „росонерите“ славеа по пресврт во второто полувреме. Консеисао изрази задоволство од реакцијата на тимот по паузата, нагласувајќи дека морал да интервенира во полувремето. „Фудбалот е страст и емоција, нешта кои ви требаат во животот. Играчите ја заслужија оваа победа и местото во финалето. Во првото полувреме не игравме на нивото што го посакуваме, па моравме да го смениме пристапот. На паузата се погледнавме во очи, а фудбалерите разбраа што треба да направат за да победат. Работам со квалитетна група, која ја прифати мојата порака. Иако не сум тренер што често се смешка, тие ја сфатија целта. Не дојдов во Милан за да се спријателам, туку за да победувам“, рече Консеисао. Во финалето, кое ќе се одигра во понеделник од 20:00 часот, Милан ќе се соочи со екипата на Интер во битка за трофејот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.