Консеисао останува на клупата на Милан

March 3, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Консеисао останува на клупата на Милан

И покрај серијата разочарувачки резултати во последната недела, Сержо Консеисао ќе ја задржи својата тренерска позиција во Милан. Синоќешниот пораз на „росонерите“ од Лацио со 1-2 на домашен терен ја зголеми кризата, но генералниот директор Џорџо Фурлани не го смета само португалскиот стратег за одговорен. „Кога тимот не испорачува очекувани резултати, вината не е на поединец. Сите сносиме одговорност, вклучувајќи ме и мене како генерален директор“, изјави Фурлани. Пред неколку дена, италијанските медиуми, предводени од „Газета дело Спорт“, го посочија Цеск Фабрегас како можен наследник на Консеисао, но за сега таа опција не е актуелна. Во моментов, Милан се наоѓа на деветтото место на табелата, а шансите да се пласира во Лигата на шампионите следната сезона се речиси непостоечки.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.