April 28, 2025 | | Свет
Италијанските медиуми објавуваат дека Сержо Консеисао би можел сам да си поднесе оставка од функцијата тренер на Милан, доколку го освои Купот на Италија во финалето против Болоња. Иако има активен договор со „росонерите“ до 2026 година, се почесто се најавува дека клубот од „Сан Сиро“ ќе ја искористи опцијата за прекин на соработката ова лето, со што би добил нов тренер за сезоната 2025/26. Консеисао, познат по својот силен карактер и гордост, не сака да чека формален отказ, туку размислува самостојно да замине доколку ја освои титулата, сметајќи дека тоа би бил достоинствен крај на неговата епизода во Милан. Последните извештаи потврдуваат дека токму ова сценарио е најреално доколку Милан триумфира во Купот на Италија.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |