Консеисао сепак останува во Милан?!

May 10, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Консеисао сепак останува во Милан?!

И покрај критиките од дел од навивачите и медиумите, Сержо Консеисао најверојатно ќе остане тренер на Милан и следната сезона. Раководството на клубот има доверба во него и не размислува за смена, особено ако Милан го освои Купот на Италија во финалето против Болоња. „Имаме целосна доверба во него. Тој добро работи со екипата и сконцентрирани сме на тоа како ќе ја завршиме сезоната“, изјави извршниот директор Џорџо Фурлани. Консеисао веќе го освои Суперкупот на Италија, а ако успее и со Купот, ќе стане првиот тренер на Милан по 18 години што освоил два трофеја во една сезона, и тоа само неколку месеци откако пристигна во клубот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.