Консеисао: Треба го чуваме фрижидерот празен за да бидеме погладни, во Милан тоа го нема

January 19, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Консеисао: Треба го чуваме фрижидерот празен за да бидеме погладни, во Милан тоа го нема

По поразот на Милан од Јувентус со 2-0 во Торино, тренерот Серџо Консеисао даде отворена и искрена анализа на натпреварот. Иако првото полувреме беше израмнето, „бјанконерите“ во вториот дел покажаа поголема желба и доминација, што го одлучи исходот.

„Првото полувреме беше балансирано, но второто беше сосема различно. Јувентус беше погладен за победа. Требаше да донесеме подобри одлуки и подобро да реагираме на притисокот. Јас ја преземам одговорноста – мораме да покажеме поголема желба за победа. Јануари е, не смееме да останеме без енергија,“ изјави Консеисао.
Тренерот потенцираше дека е неопходно тимот да ја развие својата амбиција и глад за успех.
„Треба да имаш празен фрижидер дома за да бидеш погладен. Имав тимови кои не беа толку технички способни, но имаа огромна желба. Милан мора да расте, а гордоста на минатото не е доволна – потребна е постојана амбиција,“ додаде тој.
Консеисао ги истакна и предизвиците со одговорноста во тимот, нагласувајќи дека тежината не треба да ја носат само најискусните играчи.
„Не можеме постојано да се потпираме на Леао, Тео или Мењан. Сите во тимот имаат свои одговорности. Искусните играчи мораат да водат, но никој не смее да се крие во тешките моменти. Секој мора да го даде својот максимум“, вели Консеисао.
Тој заврши со самокритика:
„На полувремето не успеав да им дадам доволна мотивација на играчите за да реагираат. Ова мора да се промени ако сакаме да бидеме конкурентни на највисоко ниво“, рече тој.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.