Консеисао удри по својот тим: Вакво нешто не сум видел досега

January 12, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Консеисао удри по својот тим: Вакво нешто не сум видел досега

По големата еуфорија од освојувањето на титулата во Суперкупот на Италија, Милан брзо се врати во реалноста со киксот против Калјари во Серија А и ремито (1-1) на „Сан Сиро“. Тренерот Сержо Консеисао по натпреварот изрази големо разочарување од лошата игра во првото полувреме, истакнувајќи дека никогаш досега во својата тренерска кариера не видел ваков настап од својот тим. „Првото полувреме против Калјари е најлошото кое го одиграла моја екипа во целата моја кариера. Повеќе од 13 години сум во оваа работа, но вакво нешто не сум доживеал досега“, рече тој. Тој додаде дека играчите настапиле без енергија, со бавно темпо и недоволно креативност за да пронајдат празен простор, што значително го олеснило задачата на противникот во одбраната. „Заморот од Суперкупот не може да биде изговор. Мораше да одиграме многу подобро и да ги освоиме трите бода“, потенцира Консеисао.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.