Консеисао збесна: Тргна да се пресметува со капитенот на Милан (ВИДЕО)

January 26, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Консеисао збесна: Тргна да се пресметува со капитенот на Милан (ВИДЕО)

Милан приреди драматична победа над Парма со два гола во судиското надополнување, но возбудувањата на „Сан Сиро“ не завршија со последниот свиреж. По мечот, на теренот се случи вистински хаос во кој главни актери беа тренерот Сержо Консеисао и капитенот Давиде Калабрија. Камерите ги фатија моментите кога Консеисао целосно ги изгуби нервите, упатувајќи остри зборови кон својот играч. Напнатата ситуација брзо ескалираше, по што мораше да интервенираат и други членови на тимот за да спречат физичка пресметка. Жестоките сцени на крајот ја засенија победата на Милан, која долго ќе се памети по својата драматика и несекојдневниот завршеток.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.