Консеисао знае зошто Милан е во голема криза

April 22, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Консеисао знае зошто Милан е во голема криза

Тренерот на Милан, Серхо Консеисао, се обрати пред реванш натпреварот од полуфиналето на Купот на Италија против градскиот ривал Интер и откри со какви предизвици се соочува неговиот тим во пресрет на важниот дуел. Медиумите веќе со недели шпекулираат дека Португалецот ќе го напушти кормилото на „росонерите“ по завршувањето на сезоната. Според Консеисао, токму тие шпекулации создаваат нестабилност во тимот. „Откако дојдов во клубот и го освоив Суперкупот, секој ден слушам за други тренери кои треба да го преземат Милан. За мене тоа не е ништо ново, 40 години сум во фудбалот. Но, играчите ги читаат тие вести и тоа влијае на нивната концентрација. Немаме стабилност. Мора да се фокусираме на денешната работа ако сакаме да бидеме подобри утре“, изјави Консеисао. И покрај неизвесната иднина, Консеисао најави целосен фокус и борбеност на неговиот тим во дербито против Интер.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.