Конте го препороди Наполи, падна и Милан на „Сан Сиро“! (ВИДЕО)

October 29, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Конте го препороди Наполи, падна и Милан на „Сан Сиро“! (ВИДЕО)

Наполи го совлада Милан на „Сан Сиро“ со 2-0 во рамките на 10. коло во Серија А. Наполи во моментов има предност од седум бода пред Интер кој има натпревар помалку. Гостите покажаа супериорност во однос на Милан кој во второто полувреме имаше неколку шанси за да се врати во игра, но недостасуваше завршница. Лукаку уште во петтата минута го отвори резултатот, а Кварацкелија пред крајот на првиот дел му зададе уште еден удар на Милан. Милан во моментов се наоѓа на осмото место и веќе заостанува 11 бода зад Наполи.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.