Конте говореше за титулата во Серија А, а не заборави да го спомне и Елмас

January 19, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Конте говореше за титулата во Серија А, а не заборави да го спомне и Елмас

Тимот на Наполи забележа значајна победа во борбата за Скудетото, совладувајќи ја Аталанта. По натпреварот, тренерот Антонио Конте даде свое видување за екипата, нагласувајќи ја довербата што ја има во своите играчи.

„Имаме одлична ситуација и цврсто стоиме на земја. Дури и по заминувањето на Квара, доколку донесеме искусен играч на неговото место, медиумите ќе почнат да зборуваат дека имаме тим за Скудетото. Но, ако правиме потези на трансфер-пазарот, тие мора да бидат правилни. Во спротивно, ќе продолжиме да се бориме со овој состав што го имаме,“ истакна Конте.
Конте исто така се осврна на минатото на Наполи и заминувањето на некои од клучните играчи, како Ким, Осимен, Кварацхелија и Зиелински.
„Тоа беа фудбалери кои ја донесоа титулата, заедно со имиња како Марио Руи и Елмас, кои не смееме да ги заборавиме“, рече тој.
Италијанскиот стратег се задржа и на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој пред трансферот во Лајпциг настапуваше за Наполи.
„На крајот, секој може да размислува и толкува како што сака, но фактите се јасни. Наполи денес е тим кој гради нова приказна, без дел од своите најдобри играчи од шампионската сезона,“ изјави Конте.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.