Конте и Инзаги нема да ги водат своите клубови во одлучувачкото коло

May 19, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Конте и Инзаги нема да ги водат своите клубови во одлучувачкото коло

Интригата во Серија А достигна точка на вриење – шампионот ќе биде познат дури по последното коло. По 37 одиграни рунди, Наполи води со само еден бод предност пред актуелниот првак, Интер. Синоќа беа одиграни драматични натпревари: Наполитанците одиграа без голови во Парма, додека Интер не успеа да го совлада Лацио – конечниот резултат беше 2:2. Забележително е дека и двата тима ќе влезат во решавачкото коло без поддршка од своите тренери. Антонио Конте и Симоне Инзаги беа исклучени на натпреварите, речиси во иден момент. Конкретно, Конте доби црвен картон по вербална расправија со клупата на Парма, а веднаш по него беше исклучен и домашниот тренер Кристијан Киву. Во меѓувреме, Инзаги не можеше да ги контролира емоциите кога тренерот на Лацио, Марко Барони, побара ВАР по играње со рака на Јан Бисек. Тоа доведе до пенал за Лацио, кој Педрo го претвори во гол за израмнување во 88. минута. Во последното коло, Наполи ќе го пречека Каљари, а Интер ќе патува кај Комо. Иако се наоѓаат во непредвидлива ситуација, и двата тима ја држат судбината во свои раце. Да потсетиме, постои и можност за мајсторка на неутрален терен – тоа сценарио ќе стане реалност ако Наполи загуби, а Интер одигра нерешено во последното коло.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.