May 25, 2025 | | Свет
Антонио Конте уште еднаш ја потврди својата репутација како еден од најдоминантните тренери во модерниот фудбал. Со триумфот во Серија А со Наполи, тој испиша историја како првиот стратег што го освоил Скудетото со три различни клуба – Јувентус, Интер и сега Наполи. Титулата со Наполитанците има особена тежина. Тимот, кој минатата сезона заврши на десеттата позиција и се соочуваше со сериозна внатрешна криза, под водство на Конте прерасна во дисциплинирана и борбена единица. Клучни засилувања како Ромелу Лукаку и Скот Мектоминеј беа носители на тимот, но токму Конте беше главниот двигател на оваа трансформација. Неговата препознатлива тактичка строгост, страст и лидерство донесоа нова енергија во тимот и повторно го поставија Наполи на врвот на италијанскиот фудбал. Сепак, и покрај оваа голема победа, иднината на Конте во Наполи е под знак прашалник. Италијанските медиуми, особено реномираниот „Калчомеркато“, пишуваат дека 54-годишниот тренер е многу блиску до враќање во Јувентус – клубот каде што остави длабок траг и како играч и како тренер. Доколку се потврдат овие шпекулации, Конте би се впуштил во нова фаза од својата богата кариера, враќајќи се на „Алианц Стадиум“ во мисија да ја врати „Старата дама“ на старите победи. За навивачите на Наполи ова би било болна загуба по сезоната од соништата, но за Конте тоа може да биде уште еден предизвик.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |