Конте: Се извинувам, се стопивме како снег на сонце

August 19, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Конте: Се извинувам, се стопивме како снег на сонце

Антонио Конте имаше ужасно деби на клупата на Наполи каде доживеа тежок пораз од 3-0 на гости кај Верона. Конте рече дека самиот тој е виновен за поразот и презеде вина. „Во првото полувреме играше само еден тим. Мислам дека Верона немаше ниту шут. Но во второто полувреме дозволивме повеќе да шутираат. Како што одимнуваше времето се стопивме како снег на сонце. Чувствувам дека имам потреба да им се извинам на навивачите на Наполи кои со цело срце навиваа за нас. Како тренер преземам целосна одговорност. Во Наполи пристигнав полн со самодоверба и ентузијзам за успех. Ќе направам се за клубот да има успех“, изјави Конте. Наредниот натпревар Наполи ќе го одигра на домашен терен против Болоња.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.