August 8, 2024 | | Свет
Фудбалерот на Аталанта, Тун Копмајнерс реши да штрајкува со тоа што одбива дури и да тренира се со цел да исфорсира трансфер во Јувентус каде веќе ги договорил личните услови. „Ситуацијата со Копмајнерс беше совршена до минатата недела, кога тој одлучи дека ќе оди во Јувентус. Веќе се спогодил со тој клуб, се чувствува под стрес и одлучи дека повеќе нема да тренира или да игра за нас. Со такво однесување не може да ни биде корисен. Клубот, од своја страна, зазеде многу цврст став, бидејќи се чувствува уценет. Ситуацијата е различна од други моменти во минатото, кога клубот продавал некои од своите вредни играчи. Го разбирам и Копмајнерс, и клубот, но јас сум без тројца од најважните играчи“, изјави Гасперини. Аталанта за една седмица треба да се соочи со Реал Мадрид во Суперкупот на Европа. Наводно, Аталанта бара 60 милиони евра за Холанѓанецот. Сепак, Јувентус не сака да плати толку пари и досега испратил само една понуда од 45 милиони евра.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |