August 15, 2024 | | Свет
Поседувањето на азотен оксид - познат и како гас за смеење или NOS - за рекреативна употреба е кривично дело во Обединетото Кралство од 2023 година и може да резултира со двегодишна затворска казна. Ова резултираше со тоа Тотенхем да го суспендира и така тој нема да настапи во понеделник во дуелот со Лестер во првото коло од Премиер лигата. „Сакам да се извинам за овие видеа. Тоа беше огромен недостаток на проценка. Разбирам колку е сериозно ова и ризиците што ги носи по моето здравје. Ја преземам целосната одговорност како фудбалер и пример за останатите“, рече Бисума. „Го суспендиравме од натпреварот в понеделник. Покрај тоа, има и градење доверба што треба да се случи помеѓу Бис и мене, како и Бис и групата. Тоа е она на што треба да работи напорно од сега па натаму - да се обиде да го врати тоа, да го заработи тоа“, рече Постекоглу.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |