Косовските фудбалери го напуштија теренот бидејќи Романците скандираа за Србија! (ВИДЕО)

November 16, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Косовските фудбалери го напуштија теренот бидејќи Романците скандираа за Србија! (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Романија и Косово во рамките на Лига Ц од Лигата на нации вчера беше прекинат бидејќи косовските играчи решија да го напуштат теренот. Фудбалерите се решија на ваков потег бидејќи романските навивачи од трибините скандираа „Србија, Србија“, па поради тоа порано заминаа во соблекувалните. По натпреварот, тие рекоа дека тоа за нив е расизам и провокација поради што одлучиле предвреме да го напуштат теренот. Романците чекаа натпреварот да се доигра, но по 15 минути стигна потврда дека истиот нема да продолжи да се игра. Резултатот беше 0-0, а голема е веројатноста Романија службено да го добие натпреварот со 3-0.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.